Во пријателски натпревар во Тетово, Ренова со 4:2 (2:1) го победи Тетекс. Инаку ова беше “генералка“ за прволигашот во пресрет на стартот на пролетниот дел во тековната сезона 2021/22. Интересно е тоа што три од четирите голови на Ренова беа дело на Шефит Шефити, кој покажа дека е во супер – форма, додека четвртиот погодок беше дело на Емран Рамадани.
Головите за Тетекс ги постигнаа Богдановски и Жоглев од пенал.
И двете екипи одиграа отворен, на моменти и одличен натпревар со многу акции, шанси и секако шест голови.