Два гола на Хари Кејн за пласман на Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)

128

Тотенхем со 3:1 славеше над Брајтон во последниот денешен меч од 1/16-финалето на ФА Купот на Англија. Момците на Антонио Конте се чини без многу напор дојдоа до победата, иако за момент Брајтон успеа да дојде на 2:1 и да се понадева на враќање во мечот.

Сепак, по стартното водство од 2:0 за домашните со прекрасните голови на Кејн и Ројал, гостите преку Бисума успеаја да намалат на 2:1. Радоста им траеше точно 3. минути, пред Хари Кејн со својот втор гол да ги врати Спарс на плус два и победа од 3:1.

ПретходноЛацио ја прегази Фиорентина на „Артемио Франки“ (ВИДЕО)
СледноНеверојатно – промаши кош, а му признаа тројка! (видео)