Дел Потро најави пензионирање: Ова е една од најтешките одлуки

138

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро објави крај на професионалната кариера. Тој ќе се врати на терените, по две и пол години отсуство поради повреди, на турнирот во Буенос Аирес, а се чини дека тоа може да му биде последен турнир.

„Ова е една од најтешките пораки што ќе ги пренесам. Знам дека луѓето очекуваат да се вратам на тенисот. Но, ова е можеби повеќе прошка отколку враќање. Моето колено станува ноќна мора. Неколку години се обидувам, низ различни третмани, со различни лекари, да ги поправам работите. Но, сè уште не најдов решение. Никогаш не размислував да се повлечам од светот на тенисот без шанса да се збогувам и не можам да замислам подобар турнир од Буенос Аирес во направам тоа“, рече Дел Потро на конференцијата, видно депресивен.

„По оваа недела, ќе видиме што ќе се случи со мојата иднина. Ова е тешка одлука“.

ПретходноРаботнички и Кожуф потпишаа меморандум за соработка
СледноКМФ Проект го доби футсал супер-дербито против Шкупи