Жиру со два брзи гола му донесе победа на Милан над Интер (видео)

319

Милан ја однесе победата во миланското дерби против шампионот Интер во 24. коло на Серија А. „Росонерите“ успеаа да слават благодарение на два гола во финишот на мечот на Оливие Жиру. Во 38. минута Иван Перишиќ го доведе Интер во водство. Изедначувањето дојде во 75 минута. По еден шут и одбиена топка, Жиру се најде на вистинското место и ја смести топката во голот.
Вториот погодок беше фантастичен. Французинот доби топка во шеснаесетникот на Милан, со финта се ослободи од својот чувар и го совлада Хандановиќ.
Милан му се приближи на лидерот Интер на само еден бод. Интер има два порази и по 23 кола има 53 бода, а Милан е втор со бод помалку.

ПретходноЧелзи сака 22-годишен бек на Барса како замена за Ридигер
СледноСелта најде лек за Столе и Рајо Ваљекано (ВИДЕО)