Интер – Милан е големото дерби вечерва од 18 часот во градот модата. Милано се гордее што го има ова дерби, веројатно едно од ТОП 5 градски дербија во светот на фудбалот.
Интер – Милан вечерва по 230 пат ќе ги одмерат силите, или по 176 пат во Серија А. Историјата вели дека Интер има повеќе победи од својот ривал, но исто така Интер е фаворит на хартија на денешното дерби. И не само поради фактот дека номинално е домаќин, на „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ сеедно и како сакате, туку и поради тоа дека е во подобра форма, но и поради фактот дека “ѓаволите“ ќе мора да играат без Златан Ибрахимовиќ.
Ова е меч и за титулата, не дека вечерва ќе се решава битката за Скудетото, но ако „неро-аѕурите“ успеат да победат, е тогаш разликата во бодови може да дојде и до +10 за четата на Инзаги, а тоа значи дека тимот на Пиоли нема што да бара понатака.
Интер – Милан, ново „Дерби дела Мадонина“ по 230 пат. Останува да видиме кој ќе биде ФРАЕР во градот на модата.
А еве како “Газета“ го најави големото дерби…