Кина го освои првиот златен медал на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Пекинг. Домаќинот слави злато благодарение на триумфот на мешовитата штафета во брзо лизгање на кратки патеки, натпреварување кое за првпат се одржува на овие Игри.
Рен Зивеи, Ву Даџинг, Фан Кечин и Чу Чунјусу триумфираа со време 2:37.348 додека втора е Италија (2:37.364), а трета Унгарија (2:40.900).
Инаку Кинезите полуфиналето го завршија на третото место зад Унгарија и САД па не требаше да влезе во финалето. Но по прегледување на трката за евентуални прекршоци, Русите беа дисквалификувани и поради опструкција, а САД поради блокирања.
Па така Кина влезе во финалето и освои златен медал.
А претставничката на италијанската штафета Аријана Фонтана благодарение на сребрениот медал во штафета стана единствената лизгачка, и во машка и во женска конкуренција, која освоила девет олимписки медали (едно злато, три сребра и пет бронзи).
Таа до денеска беше изедначена со Американецот Аполо Антон Оно и Русинот Виктор Ан со осум медали од ЗОИ.