Тиквеш, исто како и Брегалница, остана без “генералка“ пред стартот на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Имено натпреварот со Победа, кој требаше да се игра утре во Прилеп, е откажан и тоа на барање на прилепчани. Се разбира дека ова на Тиквеш воопшто не му одговара ако се знае дека токму ово пријателски меч требаше да биде главната контрола за стратегот Влатко Костов.
Инаку вчера експедицијата на Тиквеш се врати од Анталија каде за првпат во својата клупска историја беше на зимски подготовки.