Голманот на германскиот шампион Баерн (М), Мануел Нојер, со денешната победа над Лајпциг во дербито на колото во Бундеслигата ја запиша својата 310 победа на меч во германската екипата.
Статистички, Нојер денеска го израмни рекордот на поранешниот голман на Баерн, Оливер Кан, кој исто така во својата кариера оствари 310 победи во германската Бундеслига.
Нојер во Бундеслигата игра од 2006 година, а пред да дојде во Баерн беше дел од Шалке 04. Интересно, тој веќе на следниот меч може да го собори рекордот на Кан, кој во моментов е на позицијата извршен директор во Баерн (М).