Рома одигра без голови со Џенова во 24. коло на италијанската Серија А, а во финишот на мечот судијата поништи гол на Николо Заниоло после прегледување на снимка. Досуди прекршок од страна на фудбалерот на Рома. Следуваше реакција на играчот по што си доби и црвен картон.
По натпреварот реагираше и Жозе Мурињо. Тој никако не е мирен после вакви судиски одлуки и кажа дека Рома е жртва на моќните.
„Не сакам да го коментирам тоа. Само ќе го искоментирам натпреварот, меѓутоа не голот, црвениот картон за реакцијата после тоа. Џенова се бори за опстанок и дојде да освои бод. Играше грдо но успеа да го земе тоа за што беше дојдена. Но нема да зборувам многу за тоа, затоа што и јас да бев во нивна позиција веројатно и јас ќе го направев истото.
Тешко е да се игра против тимови кои се бранат. Пробавме да ја рашириме играта по крила, но секогаш кога Мајтланд-Најлс и Карсдорп ќе се ослободеа, немаше никој пред голот. Пробавме да промениме позиции на некои играчи, но немаше завршница.
Што да кажам за погодокот. Ако тоа е фаул, тогаш ова не личи повеќе на фудбал. Може да го наречеме поинаку, да му смислиме ново име затоа што очигледно е нов спорт. За Рома тоа е дежа ви затоа што неколку пати и се случи во текот на сезоната. Тука е и уште една опција а тоа е дека Рома е „мала“ во очите на моќните“, изјави Жозе.