Неверојатно – промаши кош, а му признаа тројка! (видео)

395

На околу пет минути пред крајот на натпреварот Кливленд имаше двоцифрена предност против Шарлот (90:80), а Тери Розир се крена на шут за три и промаши. Меѓутоа судиите го признаа тој кош и плус му дадоа дополнително слободно фрлање кое тој го реализира.

Ова не е превид на судијата туку се е регуларно, спред правилата. Непосредно пред тоа е суден фаул. Топката дојде до Розир кој шутна и промаши, но непосредно пред неговиот шут Ед Дејвис стана од клупата на Кавс и го допре. Тоа не е дозволено, па арбитрите ги впишаа поените и свирна техничка на Дејвис. Тоа предизвика полемика.

Кавс на крајот славеа со 102:101.

ПретходноДва гола на Хари Кејн за пласман на Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)
СледноСевиља победнички во дебито на Вајли