Горан Пандев го одигра првиот меч за својот нов тим, екипата на Парма на гостувањето денеска кај тимот на Беневенто. „Гранде“ Пандев одигра 45. минути за својот нов клуб откако беше вметнат во игра на полувреме, а натпреварот заврши без голови 0:0.
Целиот меч мина во борба претежно на средината на теренот без премногу убавина, а Пандев речиси и да немаше шанса да се запише во листата на стрелците, освен еден удар во последните секунди од натпреарот.
Како што е веќе познато, Горан Пандев зимава направи за целата јавност сензационален трансфер во Серија Б, во тимот на Парма, каде што ја дели соблекувалната со уште една легенда на Италијанскиот фудбал, Џиџи Буфон.