Екипата на Пелистер ја совлада Велешта со 3:1 во третиот пријателски натпревар. Тренерот Марјан Секуловски состави екипа од фудбалери на кои планира да имаат водечка улога во вториот дел од шампионатот, а на тес-мечот битолчани тестираа нов крилен играч Келвин Чукумва кој имаше свој ден и реализира два гола.
Во претходните два пријателски натпревари, Пелистер славеше над Вардар од Неготина, а ремизираше со Воска Спорт.
Извор: bitolanews