Работнички и Кожуф потпишаа меморандум за соработка

630

Во рамките на стогодишнината од постоењето на ФК Кожуф, денеска претседателот на ФК Работнички Драган Поповски и спортскиот директор Горан Станковски во името на клубот од Градскипарк, потпишаа Меморандум за соработка со претседателот и спортскиот директор на ФК Кожуф, Никола Танчевски и Лазар Шуклев.

Како што потенцираат од Работнички, ова е почеток на нова значајна соработка меѓу двата клуба со долга фудбалска традиција. Преку заедничките проекти ќе биде овозможено поттикнување и развој на фудбалот во овој регион, а особен фокус ќе бидат младите фудбалски таленти. Ќе има размена на искуства и меѓу тренерите, фудбалските академии и кадровските структури.

ПретходноВладо Милев избран за спортист на Струмица за 2021 година
СледноДел Потро најави пензионирање: Ова е една од најтешките одлуки