Селта најде лек за Столе и Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

106

Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски загуби со 2:0 на гостувањето во Виго против екипата на Селта во еден од денешните дуели од 23. коло на шпанската Ла Лига. По првиот старт на Димитриевски во 2022 година кој беше во минатото коло, денеска нашиот голман беше меѓу стативите на гостинскиот тим, кој очигледно немаше сили, но и среќа за подобар резултат.

Победата на домашните ја донесе Браис Мендез со двата гола, по еден во двете полувремиња. Ова за Селта беше осма сезонска победа, додека Рајо остана на 9 триумфи и пласман на 9. место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЖиру со два брзи гола му донесе победа на Милан над Интер (видео)
СледноБаварската машина за гол подобра во дербито со Лајпциг (ВИДЕО)