Словенија има олимписко злато во женски ски скокови

655

Словенката Урша Богатај е освојувач на златниот медал во женски ски скокови на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа на изненадување на светската јавност имаше два одлични скока и заслужено се најде на врвот на пиедесталот, а за среќата на Словенците да биде уште поголема на третото место се најде уште една нивна репрезентативка, Ника Крижнар.

Првиот фаворит за освојувањето на златниот медал, и водечка по првата серија, Германката Катарина Алтхаус не успеа во втората серија да го идржи притисокот па заврши како втора.

Фото: Guliverimage

ПретходноФеникс доведе уште еден бек од САД
СледноЕх, голмане, голмане: Ова е автоголот на деценијата! (ВИДЕО)