Ракометарите на Металург со голем пресврт во завршницата на мечот славеа со 24:22 на дуелот со Е. Пелистер 2 во домашната Суперлига. Гостите имаа одлична предност од првиот дел (10:13), па и во најголемиот дел од второто полувреме имаа предност, но фуриозниот финиш на кавадарчани на крајот им донесе победа.
Битолскиот тим на 6-7 минути пред крајот имаше предмност од два гола (18:20), но потоа следуваше извонредна серија на домашните. На пет минути пред крајот израмнија на 20:20, а потоа поведоа со 21:20, која континуирано ја одржуваа играјќи гол за гол. Во завршницата успеаја да се одлепат на плус 2 и да дојдат до голем триумф.
Дарко Кондев со 6 гола ги предводеше домашните до победа, додека кај вториот тим на битолчани по 5 гола постигнаа Петровиќ и Павле Анастасијевиќ.