Филмски кам-бек на Камерун и победа на пенали за 3. место во Купот на африкански нации (ВИДЕО)

155

Натпревар за паметење одиграа Буркина Фасо и Камерун во дуелот за 3. место на Африканскиот куп на нации. Домаќинот на турнирот, Камерун, направи неверојатен кам-бек, а по изведувањето на пеналите победи за освојување на бронзените медали.

Во регуларниот дел дуелот заврши нерешено 3:3, само поради тоа што Буркина Фасо прокоцка неверојатна предност од 3:0. Буркина Фасо одигра одличен натпревар, а Камерун беше надвор од игра цел час. Јаго погоди за 1:0 во 24. минута, Онана си постигна автогол во 43. минута, а третиот гол за Буркина Фасо го постигна Аутара во 49. минута.

Место да го приведат мечот до победа, фудбалерите на Буркина Фасо им дозволија на Камерунците да се разбудат и да направат неверојатен кам-бек.

Во 72. минута Бахокен погоди за 3:1, а потоа на сцена стапи Абубакар со два гола во 85. и 87. минута за 3:3 и го одведе натпреварот на пенало.

Во пенал-лотаријата подобро се снајде селекцијата на Камерун која славеше со 5:3 и со тоа го освои утешното трето место.

ПретходноКМФ Проект го доби футсал супер-дербито против Шкупи
СледноМануел Нојер го израмни рекордот на Оливер Кан: 310 победи во Бундеслигата!