Кинезите направија спектакл од свеченото отворање на ЗОИ 2022 во Пекинг. Фасцинантно, токму онака како што и се очекуваше од нив. Во ложата на стадионот „Птичјо гнездо“ беа повеќе званичници, а домаќин им беше претседателот на Кина Си Џипинг. Тука беше и првиот човек на Руската федерација Владимир Путин кој направи нешто што е нему несвојствено.
Имено рускиот претседател “заспа“ кога дефилираа спортистите од Украина, едноставно не ги виде или не сакаше да ги види.
Познато е дека Русија и Украина се на работ на војна, па не е ни чуден потегот на Путин.
JUST IN 🚨 Putin dozes off and appears to sleep as the Ukraine team passes by. #Olympics #Olympics2022 #Putin #Ukraine pic.twitter.com/bS5niyhsIr
— Z News Hub (@ZNHub) February 4, 2022