Џенова собра бод од гостувањето кај Рома

76

Екипата на Џенова успеа да освои бод на гости кај Рома со тоа што одигра 0:0 во рамките на 24. коло на Серија А. Дури и со играч помалку од 68. минута џеновјаните издржаа против „волчицата“. Остигард кој влезе во финишот на првото полувреме, доби директен црвен картон поради груб прекршок.

Во 91. минута Николо Заниоло ја затресе мрежата на Џенова меѓутоа судијата со помош на ВАР го поништи голот поради претходен прекршок, а нормално за реакцијата доби и жолт картон, а потоа и црвен.

Рома има три ремија сезонава, а Џенова е претпоследна со 11 ремија и 14 бода.

ПретходноХајдук и Атанасов сигурни кај Горица
СледноПелистер ја совлада Велешта, два гола постигна играчот на проба