Голеада под Шара: Ренова го победи Тетекс со 4:2, Шефити со хет-трик!

465

Во пријателски натпревар во Тетово, Ренова со 4:2 (2:1) го победи Тетекс. Инаку ова беше “генералка“ за прволигашот во пресрет на стартот на пролетниот дел во тековната сезона 2021/22. Интересно е тоа што три од четирите голови на Ренова беа дело на Шефит Шефити, кој покажа дека е во супер – форма, додека четвртиот погодок беше дело на Емран Рамадани.

Головите за Тетекс ги постигнаа Богдановски и Жоглев од пенал.

И двете екипи одиграа отворен, на моменти и одличен натпревар со многу акции, шанси и секако шест голови.

ПретходноТоа е Лампард: Играч на Евертон казнет зошто ги врзувал врвките!
СледноАврамовски дефинитивно заминува во Сараево