На Новак Ѓоковиќ не му беше дозволено да игра на Австралија Опен, уште не е сигурно дали ќе настапи на Ролан Гарос, но се чини дека ќе игра на Мастерсот во Мадрид.
Првиот турнир на кој српскиот тенисер е официјално пријавен се игра од 21. феверуари во Дубаи, но сега доаѓаат информации дека би можел да учествува во Мадрид.
Главниот град на Шпанија е исполнет со постери од Новак Ѓоковиќ.
Мадридски „АС“ објави видео на кое може да се види дека и во јавниот превоз има постери со ликот на најдобриот тенисер во светот. Турнирот во Мадрид треба да се игра од 26. април, на истиот Новак има освоено три титули. Во 2011 беше подобар од Надал, 2016 од Мари, додека во 2019 го совлада Циципас.
Она што е интересно е дека организаторите одлучија да го стават во сенка, Рафаел Надал, својот херој.
Последен освојувач на трофејот е Зверев.