Фулам поведе против Сити, а потоа доживеа дебакл, Лампард дебитираше со триумф

172

Во Англија се играат натпревари од ФА купот, а Манчестер Сити играше со Фулам. Лондончани поведоа во 4. минута со голот на новиот играч на Ливерпул Фабио Карваљо меѓутоа потоа паднаа пред налетот на големиот противник. До полувремето работите на место ги донесоа Илкај Гундоган и Џон Стоунс. Во вториот дел два гола даде Ријад Марез за конечна победа од 4:1 и пласман во наредната фаза.

А Франк Лампард дебитираше со победа на клупата на Евертон. На „Гудисон парк“ популарните „карамели“ славеа над Брентфорд со 4:1 (Мина, Холгејт, Ришарлисон и Таунсенд).

Кристал Палас беше сигурен против Хартпул (2:0), а Норич го елиминира Вулверхемптон по триумфот во гости со 1:0. Челзи по продолженијата го елиминира Плимут со 2:1.

ПретходноИталијанката Фонтана лизгаше за историја, Кина го освои првиот златен медал на ЗОИ
СледноЧелзи сака 22-годишен бек на Барса како замена за Ридигер