Челзи сака 22-годишен бек на Барса како замена за Ридигер

168

Антонио Ридигер ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната , па „сините“ уште сега се во потрага по негова достојна замена. На Ридигер му истекува договорот на крајот на сезоната и тој не сака да го продолжи и ќе ги смени клупските бои. Лондончани му фрлиле око на 22-годишниот бек на Барселона Роналд Араухо.

Барселона минатото лето започна преговори за продолжување на договорот со Араухо, но ги стави во мирување бидејќи приоритет беше продолжување на договорите на Педри и Ансу Фати.

Преговорите продолжија во текот на зимата, а Барса му понуди на младиот Уругваец плата од околу 3 милиони евра годишно. Доколку фудбалерот не се согласи на овие услови, Барса ќе биде принудена да го продаде.

Челзи го има пикирано па ќе видиме што ќе му понуди на Араухо и дали тоа ќе биде доволно за да го поттикне младиот играч да посака да оди на „Стемфорд Бриџ“.

Араухо има седум меча за Уругвај, а пред Барселона играше за Бостон Ривер и Рентистас, и двата клуба од Монтевидео. Тогаш каталонците го купија за нецели 2 милиони евра.

ПретходноФулам поведе против Сити, а потоа доживеа дебакл, Лампард дебитираше со триумф
СледноЖиру со два брзи гола му донесе победа на Милан над Интер (видео)