Ал Хилал против Челзи во полуфиналето на Светското клупско

201

Екипата на Ал Хилал од Саудиска Арабија ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство откако вечерва во четвртфиналето ја совлада Ал Џазира со 6:1. Ал Хилал кој настапува како домаќин на турнирот тргна од квалификациите и го елиминира Пирае од Тахити со 4:1, а сега беше подобра од Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати.

Головите за Ал Хилал ги постигнаа Одион Игало, Матеус Переира, Кано, Ал Давсари, Муса Марега и Кариљо од пенал.

Во полуфиналето на 9 февруари Ал Хилал ќе игра со Челзи, додека во другото полуфинале на 8 февруари ќе се сретнат Палмеирас, шампионот на Јужна Африка и Ал Ахли, првакот на Африка.

ПретходноНотингем го шокираше Лестер во ФА!
СледноЧеферин најавува револуција во ЛШ!