ФОТО: twitter.com/realmadrid
Малку недостасуваше Реал Мадрид да остане без два бода во дуелот со Гранада во шпанското првенство. „Кралевите“ беа надмоќни во дуелот со овој ривал, но никако не успеваа да ја затресат мрежата. Мрежите мируваа се до 74. минута кога Марко Асенсио постигна гол (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ) со шут од 20-тина метри. До крајот на мечот овој фудбалер имаше уште две шанси да ја затресе мрежата на противникот но остана резултатот 1:0.
По она реми 2:2 со Елче минатото коло, Реал сега впиша победа со која има 53 бода, шест повеќе од второпласираната Севиља која киксна со ремито против Осасуна, поточно третото реми по ред и поради тоа бодовната разлика се зголеми на шест бода.
Гранада е 16-та.
Идното коло Реал ќе му гостува на Виљареал, а потоа ќе се соочи со ПСЖ во ЛШ.