Богдановиќ е нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

251

На изборното собрание одржано вчера во Хотелот „Александар Палас“, Шаховската федерација на Македонија за нов престедател го избра Саша Богдановиќ.

Од Федерацијата веруваат дека Богдановиќ со своето знаење и искуство ќе придонесе за развојот и афирмацијата на шахот во Македонија.

На изборното собрание беше дополнет Календарот на Шаховската Федерација на Македонија за 2022. Во календарот се вклучени турнири кои ќе се организираат во Македонија од страна на ШФМ, но и од други клубови и здруженија, како и некои поважни меѓународни турнири.

ПретходноЈасин Лама е најдобриот боксер во Македонија за 2021 година
СледноКобајаши е олимписки победник на малата скокалница (ВИДЕО)