Екипите на Валенсија и Реал Сосиедад на отворањето на денешната програма во шпанската Примера одиграа без голови 0:0. Шестопласираниот тим на Сосиедад имаше за задача денеска да остане непоразен, и тоа и се случи, додека пак ова реми за тимот на Валенсија со оглед на амбициите на овој клуб сезонаа слободно може да се оцени како неуспех.
Сосиедад го освои 35. бод сезонава, додека пак Валенсија има пет помалку.