Пелистер со победа го отвори „балонот“ во Бања Лука. Избраниците на Марјан Илиевски дојдоа до втората победа во АБА 2-лига, откако го совладаа Младост Земун со 99-83. Битолскиот состав после три и пол месеци пауза дојдоа до триумфо во ова натпреварување, послен пат славеа против Сутјеска на 15. октомври.
Кесар со дабл-дабл од 36 поени 10 скока беше прв стрелец, зад него беше Малешевиќ со 19 поени, на другата страна на Младост не му помогна блескавата партија на Бојиќ, кој запиша 28 поени.
Македонскиот тим одигра одлично полувреме, доминираше уште од стартот поведе со 12-2, па со 18-5, на крајот на првата четвртина бепе 31-18. Битолските кошаркари породлжија во ист ритам, на полувремето заминаа со резултат 55-36, благодарение на Кесар, кој во овој дел постигна 24 поени.
Тимот на Илиевски не изгледаше исто, позитивата беше стопена на 74-60 пред стартот на последната четвртина, Младост не искористи неколку напади истата да биде и помала.
На стартот, Младост се доближи на 74-62. Кесар, Хортон и Малешевиќ се разбудија во вистинско време, го прекинаа налетот на противникот и на средината на последниот период беше 89-66. Оваа позитива беше доволна за мирен финиш.
Шанса за нова победа Пелистер ќе има против Рогашка за два дена.