Во меч од 24.коло во Серија А, Удинезе со голови во судиското продолжение успеа да го победи Торино со 2:0. Првиот гол падна во 90+3 минута а стрелец бепе Молина, додека во 90+5.минута од пенал Пусето стрелаше за конечни 2:0, за големо славје, но и на трибините.
Веднаш да кажеме дека нашиот интернационалец Илија Несторовски целиот меч го преседе на клупата и не доби шанса барем некоја минута да одигра на овој натпревар, што не е ништо ново за него во тимот од Удине.
Овој натпревар не изобилуваше со којзнае колку шанси, но сепак Удинезе во самиот финиш успеа да го “скрши“ Торино.