Јасин Лама е најдобриот боксер во Македонија за 2021 година

101

На посебна свеченост, Боксерската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2021 година. Наградата за најдобар боксер во сениорска конкуренција за изминатата година му припадна на Јасин Лама.

Лама беше освојувач на бронзениот медал на Балканското првенство, златен медал на „Златниот гонг“ и учесник на Светско сениорско првенсто, каде што извојува една победа.

Ардијан Аземи е најдобар младински боксер, додека за најдобар судија наградата му припадна на Петре Неделковски.

ПретходноФИНАЛЕ КАН 2022: Египет по рекордна осма, Сенегал се бори за прва титула
СледноБогдановиќ е нов претседател на Шаховската федерација на Македонија