Екипата на Ал Хилал од Саудиска Арабија ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство откако вечерва во четвртфиналето ја совлада Ал Џазира со 6:1. Ал Хилал кој настапува како домаќин на турнирот тргна од квалификациите и го елиминира Пирае од Тахити со 4:1, а сега беше подобра од Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати.
Головите за Ал Хилал ги постигнаа Одион Игало, Матеус Переира, Кано, Ал Давсари, Муса Марега и Кариљо од пенал.
Во полуфиналето на 9 февруари Ал Хилал ќе игра со Челзи, додека во другото полуфинале на 8 февруари ќе се сретнат Палмеирас, шампионот на Јужна Африка и Ал Ахли, првакот на Африка.