Андоновски: Вардар ќе биде одлична шанса за темпирање на формата

122

Ракометарите на Т. Пролет влегуваат во пеколен период на натпревари кои ќе пресудат дали скопскиот суперлигаш ќе обезбеди влез во плеј-офот. По триумфот над Струга од 30-22, избраниците на Лембанов денеска (16 часот) излегуваат на мегдан против шампионот Вардар, дуел на кој „црвено-црните“ ќе ја имаат фаворитската улога.

„Победата над Струга ја крена самодовербата, особено по беспрекорното второ полувреме што го одигравме. Свесни сме дека вистинските предизвици допрва следат, но верувам дека сме подготвени и дека можеме да стигнеме до посакуваниот пласман во плејофот. Се знае кој е фаворит на дуелот со Вардар, ние ќе се обидеме да се спротивставиме, но многу поважно е да одиграме добар меч против силен ривал, да го кренеме нивото на нашата игра и да бидеме уште подобри кога ќе биде најважно. Пред нас се средби на кои мораме да атакуваме на победи против директни ривали за место во плејофот, клучно ќе биде формата да се темпира за да играме најдобро кога тоа ќе биде клучно за Тинекс Пролет“, истакнува капитенот Ласко Андоновски.

ПретходноБаерн не се „пали“ на Халанд: Левандовски ќе игра на ова ниво уште неколку години
СледноПелистер во Бања Лука со една цел – да стави крај на црна серија во АБА 2 лига