Баерн не се „пали“ на Халанд: Левандовски ќе игра на ова ниво уште неколку години

108

Претседателот на Баерн (М), Херберт Хајнер, уште еднаш потенцираше дека герамснкиот шампион нема да влезе во битка за потписот на младиот голгетер на Борусија (Д), Ерлинг Халанд.

„Го имаме Левандовски и ќе бидам среќен доколку тој ја заврши кариерата во Баерн. Убеден сум дека Роберт ќе може да игра на ова ниво уште неколку години“, изјави Хајнер.

Баварците се вообид да го разубедат полскиот голгетер од идејата да си замине од „Алијанц Арена“ ова лето. Според Хајнер во моментов тоа е прв приоритет на шампионот.

ПретходноЗОИ: Нов олимписки рекорд и злато за Швеѓанецот Ван дер Пул во брзо лизгање
СледноАндоновски: Вардар ќе биде одлична шанса за темпирање на формата