Денеска во рамките од новото коло во Шпанската Примера, се игра големото дерби помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Каталонците пак, решија на денешниот меч кој се игра со почеток од 16:15 минути да излезат со посебни дресови специјално за оваа прилика.
Во чест на кинеската нова година, имињата на играчите на Барса на дресовите ќе бидат испишани на кинеско писмо, а во знак на годината на тигарот, според Кинескиот календар ќе стои и посебен амблем.
L'arrivée d'Atletico Madrid à l'hôtel.pic.twitter.com/fypyMv7lHq
— THERA (@thera_daouda) February 5, 2022