Битолчани утре ја почнуваат новата СЕХА сезона: Паризан непознат противник

147

Ракометарите на Е. Пелистер утре во Белград ја почнуваат новата сезона во регионалната СЕХА Гаспром лига со првиот меч против Партизан. Белграѓани се  непознат противник за битолчани, зато ашто дебитираат во ова натпреварување.

„Партизан е непознат противник за нас. Сепак, наша цел е победа и добро се подготвуваме за овој натпревар. Добредојден ни е овој натпревар пред продолжувањето на Лига Европа. Можеме далеку да стигнеме оваа сезона во СЕХА лигата. Добро сме спремни и против секој ривал играме на победа. Се надевам дека ќе стигнеме до добар резултат сезонава“, вели Дејан Кукуловски.

Слично размислува и Бојан Маџовски, кој пред мечот вели:

„Партизан за нас е непозната екипа, но добар тест за европските натпревари. Можам да кажам дека имаме добар ритам и на добар пат сме и целиме на полуфинале во СЕХА лигата годинава“.

ПретходноПелистер во Бања Лука со една цел – да стави крај на црна серија во АБА 2 лига
СледноФИНАЛЕ КАН 2022: Египет по рекордна осма, Сенегал се бори за прва титула