Казахстанскиот тенисер Александар Бублик ја освои титулата на АТП турнирот во Монпеље откако денеска во финалето го елиминира фаворитот Александар Зверев со 6:4 и 6:3 по сетови. Бублик на општо изненадување го победи Зверев, кој е трет на АТП листата за 70 минути игра.
Ова е прв трофеј за 24-годишниот тенисер во сингл категорија.
Освен тоа Бублик сега има 2:0 во дуелите со Зверев.
Кога сме кај АТП турнирите, денеска се играше и финале во Пуне, Индија и таму триумфираше Португалецот Жоао Соуса откако во финалето го совлада Финецот Русувори со 2:1 во сетови.