Екипата на Вардар предмалку одигра уште еден пријателски меч на подготовките во Анталија. Обезбеден е триумф против вториот тим на Динамо Москва со конечни 1:0.
Стрелец на единствениот гол за „црвено – црните“ беше Николов во 80. минута од мечот.
Тренерот Никола Глигоров за денешниот меч се одлучи да излезе со сосема поинаков состав од претходните мечеви односно овој меч го стартуваа оние играчи кои претходно беа резерви и чекаа шанса од клупата.