Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна гол во првиот натпревар во дресот на Јувентус во победата над Верона во 24. коло на Серија А. Тренерот Макс Алегри го пушти Влаховиќ во игра уште од првата минута, а веќе во 13-тата реализираше погодок.
Тоа беше лоб удар и 18-ти гол за српскиот репрезентативец сезонава во најсилното италијанско друштво.
Во второто полувреме и другиот нов играч Денис Закарија стрелаше прецизно со што ја запечати победата од 2:0.
Јувентус е четвртопласиран на табелата со 45 бода (13 победи), Верона е на деветтото место со 33 бода.