Воска Спорт го “торпедираше“ Борец среде Велес!

2470

Попладнево во Велес на стадионот „Зоран Паунов“, Воска Спорт во пријателски меч со 0:3 (0:0) успеа да го победи прволигашот Борец, на кого ова му беше “генералка“ во пресрет на стартот на пролетниот дел во сезоната 2021/22.

Стрелци на головите беа Ристе Илијоски во 56. и 66.минута и Изаир Емини во 78. минута. Да кажеме дека Илијоски е ново засилување за тимот од ВМФЛ – ЗАПАД кој дојде од Вардар, од директниот конкурент во битката за пласман во ПМФЛ.

Ако во првиот дел домашниот тим на Борец некако успеваше да ги одржи тие 0:0, во вториот дел составот на стратегот Раде Цицмиловиќ просто го “торпедираше“ домашниот тим за конечни 0:3.

ПретходноБарселона со специјални дресови на денешното дерби (ВИДЕО)
СледноВардар подобар од Динамо Москва 2