Екс – фудбалер на Бордо ја засилува Шкендија, играше денеска за тетовци на контролата со Саса!

2433

Давид Џигла, офанзивец од Бенин и некогашен член на Бордо би можел да биде ново име во редовите на Шкендија. Имено во моментов се водат разговори за евентуален трансфер. Џигла има 26 година, игра како офанзивно крило, потекнува од Бенин а бил член и на познатиот Бордо за кого има настап во Лига 1. Потоа следува трансфер во второлигашот Шамоа каде има околу 130 настапи.

Инаку Џигла денеска играше за Шкендија и тоа на неофицијалната пријателска средба со Саса, меч кој се играше во Тетово а шампионот победи со 4:0. Стрелци на головите беа Маркоски, Хасани, Шаља…

ПретходноСупер-дерби, блескава Барса: Момците на Чави со триумф над шампионот! (ВИДЕО)
СледноТФТ дури во последната четвртина го урна МЗТ Скопје 2 (ФОТО)