ЗОИ: Нов олимписки рекорд и злато за Швеѓанецот Ван дер Пул во брзо лизгање

87

Швеѓанецот Нилс ван дер Пул го освои златото во брзо лизгање на 5000 метри на Олимписките игри во Пекинг, Кина. Утрово тој со време 6 минути 8,84 секунди, успеа да го собори претходно поставениот олимписки рекорд и да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.

Среброто го освои репрезентативецот на Холандија Патрик Руст (+0,47), додека бронзениот медал му припадна на Норвежанецот Халгеир Енгебротен (+1,04).

Пред последниот круг на трката, Ван дер Пул беше инфериорен во однос на тројца лизгачи кои во тој момент беа на првите три места. Последниот круг на шведскиот лизгач беше неверојатен и успеа да финишира до златото.

ПретходноПролет го предизвикува „ранетиот“ Вардар
СледноБаерн не се „пали“ на Халанд: Левандовски ќе игра на ова ниво уште неколку години