Леброн се врати, Лејкерси го преживеаја најлошиот меч на Вестбрук (ВИДЕО)

168

Леброн Џејмс се врати на терените по пауза од пет меча поради повреда. На четири од нив неговиот ЛА запиша пораз. Синоќа „кралот“ беше причина за триумфот на „езерџиите“ против Њујорк по продолжение од 122-115.

Никси во првото полувреме имаа предност од 21 поен, Лејкерси се вратија во третата четвртина во која Монк постигна 18 од вкупните 29 поени. Нереализираните слободни фрлања во последната минута ги чинеше победа во регуларниот дел од мечот. Во продолжението Лејкерси не дозволија нов кикс.

Леброн постигна 29 поени, исто како и Мок, но даде 13 скока и 10 асистенции, и дојде до 103. трипл-дабл во неговата кариера, 15-ти откако наполни 35 години, со што е убедливо најдобар во лигата. Дејвис имаше импресивен меч со 28 поени, 17 скока, три асистенции, четири блокади.

Овие тројца играчи на покрија „штетата“ која Расел Вестбрук ја направи на оваа средба. Некогашниот МВП имаше само пет поени, а ги постигна од десет обиди. Ги промаши сите обиди за три поени, а беше очаен од линијата за слбодни фрлања, имаше 3/7, две ги промаши во последната минута од регуларниот дел. Покрај ова додаде и шест загубени топки.

Ова можеби беше најлошиот натпревар на Вестбрук во неговата кариера, на која беше исфиркан од страна на фановите. Во продолжението не влезе.

Лејкерси со оваа победа, односно играта во второто полувреме покажаа колку можат да бидат подобар тим, го поправија скорот, имаат 26 победи и 28 порази, но и натаму се наоѓаат на деветото место во Западот.

Резултати: : Орландо – Мемфис 115-135, Шарлот – Мајами 86-104, Портланд – Милвоки 108-137 и Сакраменто – Оклахома 113-103.

ПретходноСевиља победнички во дебито на Вајли
СледноНов Зеланд го слави првото олимписко злато, поради силниот ветар одложен машкиот спуст