Мирчевски одма почна да тресе за ТСЦ

751

На Мартин Мирчевски веднаш продолжи онаму каде што застана оваа сезона. поранешниот македонски младински репрезентативец во првиот меч за новиот тим ТСЦ Бачка Топола се запиша во листата на стрелеци.

Мирчевски го постигна третиот гол на пријателскиот дуел со Вождовац, неговиот тим славеше со 3-1. Тој се запиша во листата на стрелци во 85. минута, и најави дека е вистинско засилување за српскиот тим.

Бачка Топола е на десетото место на табелата во Супер лигата, има скор од седум победи, пет ремија и девет порази. Со Мирчевски кој беше најдобар голгетер во досегашниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе добие вистинско освежување.

ПретходноНово лице во составот на Анчелоти!
СледноТимот е комплетен: Јовановски во друштво со своите „спартанци“ (ФОТО)