Со конечни 0:2 и продолжение од десетина минути во вториот дел, тимот на Наполи со Елиф Елмас како резерва успеа да слави кај Венеција и да освои значајни три бода во битката за највисок пласман.
Елмас одигра дваесетина минути во дуел кој имаше огромно продолжение на крајот во кое Петања ги постави конечни 0:2. Претходно, Виктор Осимен во 59. минута го отвори резултатот.
Од друга страна пак, Сампдорија на домашен терен немаше проблеми против Сасуоло и победи со 4:0, додека пак Болоња и Емполи одиграа без голови 0:0.