Ноер опериран, се враќа за неколку недели

215

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер ќе паузира од фудбалот неколку недели откако денеска го оперираше десното коленото. Германецот се огласи на Инстаграм: „Држете ми среќа, се враќам за неколку недели“.

Според „Билд“ Ноер ќе отсуствува меѓу четири и шест недели, а неговото место на голманската позиција ќе го заземе ветеранот Свен Улрих.

Ноер беше на голот на Баерн во саботната победа над РБ Лајпциг со 3:2.

ПретходноБублик го шокира Зверев и ја освои првата титула на АТП турнирите
СледноЗагина млад фудбалер во Хрватска