Нотингем го шокираше Лестер во ФА!

122

Каков дебакл на Лестер во 1/16 финалето во ФА купот. Пораз од второлигашот Нотингем Форест со 4:1 на гости. Ова значи дела актуелниот освојувач на пехарот нема да го брани во завршните натпревари од ова важно натреварување во Англија.

Дека “лисиците“ ќе доживеат убедлив пораз се виде уште во 32.минута со оглед на тоа дека резултатот беше во тие моменти 3:0 за домашниот тим, кој некогаш беше и европски првак.

Цинкернагел, Џонсон и Ворал беа стрелците за домашниот состав за еуфорија на трибините. Ихеначо само намали за 3:1, резултат со кој се замина на одмор.

Во 61.минута Спенс ги постави конечните 4:1 за ставање печат на пласманпѕ во 1/8 финалето за Нотингем Форест.

ПретходноДимитријевиќ и Валенсија го урнаа Реал среде Мадрид
СледноАл Хилал против Челзи во полуфиналето на Светското клупско