Од Мадрид откриваат дека Меси не е среќен во Париз!

426

Лионел Меси не е среќен во Париз, за тоа има многу причини. Но, сето ова треба да се гледа од друга страна, бидејќи истата информација ја пласира мадридска „Марка“ на десет дена пред мечот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид.

Меси не бил задоволен поради поделеноста во соблекувалната. Играчите биле во „кланови“, јужноамериканци и остатокот од светот. На Аргентинецот не му се допажа ова иако е многу близок со Ди Мариа, Нејмар…

Марка открива дека мечевите во Лига 1 не го мотивираат доволно, што беше случај со Барселона. ПСЖ е толку доминантен што може да игра во комбиниран состав за да дојде до титулата, причина за стагнација во формата на фудбалерите, сето ова придонесува за емотивна празнина и недостиг на мотивација кај еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Меси е скептичен и за Маурицио Покетино, кој одамна ги изгуби конците. Тој не промени ништо, напротив остана без титула, а сега ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција, а допрва следи двомечот со Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Шпекулациите за доаѓањето на Зинедин Зидан особено во овој момент можат да придонесат за поголеми проблеми.

Втората година на Лионел Меси во Париз е под знак прашалник, како трансферот во Интер Мајами, поради настапот на Мундијалот оваа информација ќе ја отфрлиме бидејќи тој сака да биде максимално подготвен за настапот во Катар.

Оваа тема на Марка не е добра особено ако се земе во предвид дека ПСЖ го пречекува Реал на 15. овој месец во рамките на осминафиналето во ЛШ.

ПретходноНов Зеланд го слави првото олимписко злато, поради силниот ветар одложен машкиот спуст
СледноНово лице во составот на Анчелоти!