Охрид ја доби драмата со Бутел Скопје

208

Во салата „Билјанини извори“ се одигра вистинско дерби на колото во Супер-лигата. Победникот меѓу Охрид и Бутел Скопје беше одлучен во самиот финиш, а бодовите отидоа на контото на домашниот состав кој славеше со 26-25.

Шилегов со осум гола беше прв стрелец, на другата страна Мајиќ запиша седум.

Водството постојано се менуваше, домаќинот поведе со 3-1, на другата страна Бутел имаше плус три 7-10, но тоа не значеше никаква гаранција. Охриѓани на трибините ги имаа своите фанови кои им даваа ветер во грб, по 11-12 на одморот, следеше вистинска драма.

Охрид изедначи и се врати целосно во овој дуел. Бутел Скопје успеа да дојде до плус два (18-20) во 46 минута, Шилегов со два гола го врати својот тим на 20-20.  Се играше гол за гол, со тоа што Охрид имаше мала предност, на минута до крајот при 26-25, Брауновиќ запиша важна одбрана. Неговиот тим не го искористи нападот, ја загуби топката, но на голема среќа ниту Бутел не успеа да поентира.

Охрид сега се изедначи со Т.Пролет и влезе во трката за место во Супер-лига.

ПретходноПоддршка со македонски знамиња за Андреј Јакимовски во Калифорнија!
СледноДени Илиев се договори со Тренчин!