Македонските претставници во АБА 2-лига, Пелистер и МЗТ Скопје се пред нов предизвик, овој пат „балонот“ се игра во Бања Лука. Битолчани се на дното на табелата, додека пак МЗТ Скопје е на втората позиција веднаш зад домаќинот на овој турнир, кој е лидер.
Први ќе настапат кошаркарите на Пелистер. Избраниците на Марјан Илиевски денеска (18 часот) за противник ќе го имаат имот на Младост Земун. Токму против овој тим ќе бараат начин да ја прекинат црната низа од пет порази во низа во јадранското натпреварување. Младост е веднаш зад МЗТ Скопје во поредокот, но тоа пак не треба да значи ништо за битолскиот состав, кој за разлика од АБА 2-лига, во домашниот шампионат засега е непобедлив.
Време е Илиевски да ги оправда сите потези и имиња кои во изминатиот период ги потпиша и најави еден поинаков Пелистер, на кого дефинитивно не му е местото во долниот дел од табелата во АБА2-лига. Без изговори, битолчани мора да ги оправдаат очекувањата, во спротивно ќе мора да менуваат нешто.
МЗТ Скопје првиот меч го игра утре против Сутјеска.