Пролет го предизвикува „ранетиот“ Вардар

151

Денеска ќе се комплетира 18. коло во Супер-лигата, на програмата се два натпревари, во Скопје и Охрид.

По поразот на стартот на новата сезона во СЕХА-лига од Нексе на домашен терен, Вардар 1961 се враќа во „комфорната зона“. Во домашниот шампионат актуелниот македонски првак има еден пораз, реми и 14 победи. За нови бодови на контото за противник ќе го има Т.Пролет (16 часот), тим кој се бори за место во Супер-лигата. За „црвено-црните“ оваа средба ќе биде одлична шанса за рехабилитација, за новиот тренер Давид Дејвис шанса за прва победа на кормилото на Вардар.

Сите очи ќе бидат вперени во Охрид, таму гостува Бутел Скопје. Домаќинот е на три бода зад Пролет, па со победа на оваа средба ќе изедначи бодовно и ќе го направи финишот на Супер-лигата доста интересен. На другата страна Бутел Скопје е на третото место на табелата, сигурно ќе стори сè, за да остане тука. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноЗОИ: Бољшунов го донесе првото злато на Русија
СледноЗОИ: Нов олимписки рекорд и злато за Швеѓанецот Ван дер Пул во брзо лизгање